| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.08.2017

Јаневски: Да мислиме како ние ќе играме


Стратегот на Вардар на пресот рече дека неговиот тим има добра предност но дека го чека тежок реванш

Вардар е пред историска шанса, Вардар може да дојде до групната фаза од ЛЕ. Пред утрешниот меч со Фенер, стратегот Чеде Јаневски на попладневниот прес истакна...
„Дојдовме овде да се надигруваме со големиот противник, знаеме дека не чека тежок меч. Резултатот од првиот меч е добар, тие 2:0 за нас се позитивни. Но тоа не значи ништо. Почнуваме како да немаме  никаква предност. Треба да гледаме како ние ќе играме, имаме позитивна енергија, ќе се обидеме да дојдеме до резултат кој не однесе до групната фаза од ЛЕ“ рече Јаневски.
Дејан Блажевски пак вети дека тој и неговите соиграчи ќе го дават својот максимум и дека ќе сторат се да ја минат оваа пречка и да се пласираат во групната фаза од ЛЕ.

 



Датум: 23.08.2017, 18:53
Статијата е прочитана 618 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense