| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.03.2017

Македонија ќе го има најголемиот скок на ФИФА листата!

Се очекува на најновиот рејтинг, нашата селекција да има напредок од дури 32 места, што е најмногу во историјата

Според пресметките кои ги направи „Македонски Спорт“, фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ФИФА листа ќе биде на 134 место, или ќе скокне цели 32 позиции на рејтингот. Воедно, ако се остварат овие најави, тогаш тоа ќе биде најголемиот скок на ФИФА листата во историјата со оглед дека до сега најголемиот скок бил 29 места остварен пред 23 години.

Македонија од сегашните 130 поени, ќе има 225 благодарение на победите над Лихтенштајн, а особено многу бодови носи убедливиот триумф над Белорусија синоќа.

Македонија на најновата листа ќе биде пред Косово, Луксембург, Молдавија, Ангола, Малдиви...



Датум: 29.03.2017, 10:51
Статијата е прочитана 9868 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense