| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.01.2017

Пандури тргнува по Дориан Бабунски

Дориан Бабунски очигледно ќе мора уште еднаш да ги промени клупските бои за, конечно, да најде клуб кој ќе му даде вистинска шанса во сениорскиот фудбал.

Екс младинецот на големиот Реал Мадрид и натаму е во потрага по клуб, а досега ги промени шпанскиот третолигаш Фуенлабрада, како и словенечката Олимпија. Таму Бабунски потпиша пред неколку месеци, а од Љубљана најавија дека очекуваат тој да се докаже најпрво на тренинзите па потоа да му дадат шанса. Тоа очигледно и тешко дека ќе се случи, па медиумите повторно почнаа да шпекулираат околу судбината на сè уште младиот, дваесетгодишен Бабунски. Последната информација доаѓа од Романија, каде што тимот на Пандури и новиот тренер Флавиус Стоикан имаат опција да го доведат Бабунски, и дека сериозно размислуваат за тоа. Доколку ова се случи, обата браќа Бабунски, и Дориан и Давид, зимава ќе имаат нов клуб со оглед на фактот што и постариот од двоецот пред неколку дена расчисти со Црвена Звезда и е во потрага по нова средина.



Датум: 18.01.2017, 11:23
Статијата е прочитана 2377 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense