| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.07.2017

ВИКЕНД ТЕМА: „Ѕвездите “ и натаму ја чекаат Македонија

Последната победа на наш тим во ЛШ е остварена во далечната 2006, кога Работнички триумфираше над Дебрецен со 4:1. Само Работнички, Вардар и Слога југомагнат успеале да минат барем едно коло од елитата


Досега не дочекавме легендарната химна од Лигата на шампионите да се пее во Македонија и она знаме со „ѕвездички“ да се вее на центарот од некогашниот Градски стадион, а сегашна арена „Филип Втори“. Шампионите се менуваа, се менуваа генерациите, а ниту еден не обезбеди учество во групната фаза од европската елита.
Оваа година бележиме јубилеј од 20 години настап на наши екипи во квалификациите од Лигата на шампионите. Две децении пробуваме, ама никако да обезбедиме место меѓу елитните екипи. Вардар, Слога, Силекс, Победа, Работнички, Шкендија, Ренова и Македонија не успеаја да дојдат до посакуваната цел. Скопските екипи Вардар и Работнички стигнаа на прагот, но беа далеку од нешто повеќе. Особено Работнички, додека Вардар беше нешто поблиску во онаа незаборавна 2003 година, кога против Спарта Прага беше толку блиску, а сепак, далеку.
Имаше и екипи кои само еднаш настапија во Лигата на шампионите и имаа само епизодна улога. Победа, како учесник, ја чинеше и суспензија и преселба во најнискиот ранг по „местењето“ со ерменски Пјуник. Македонија ЃП не можеше со Бате Борисов, а, пак, Ренова не ѝ беше рамна на Омонија тогаш. Исто така, само два меча одигра и Шкендија со Партизан, но тетовскиот тим тогаш не се посрамоти, ама испадна од српскиот првак.

ГИ ПАМЕТИМЕ УСПЕСИТЕ НА ВАРДАР И НА РАБОТНИЧКИ

Во 2003 година, Вардар направи огромна фудбалска еуфорија во Македонија. Како тогашен првак, најпрво го мина Бери Таун, а потоа се сретна со силната ЦСКА Москва. Вардарци отидоа во главниот град на Русија „туристички“. Се молеа да не примат повеќе од три, а се вратија со огромна победа. Им донесоа радост на љубителите на фудбалот и се пласираа понатаму по оние 1:1 во Скопје. Се сретнаа со Спарта Прага, која со многу контроверзии триумфираше на тогашниот Градски со 2:3 и со оној легендарен гол на Глушчевиќ. Сепак, на реваншот Вардар два пати водеше (0:1 и 1:2). Беше на прагот да направи огромна сензација, но Спарта, предводена од одличниот Поборски, успеа да израмни и да се најде во групната фаза.
Се сеќаваме и на успехот на Работнички две години подоцна. „Романтичарите“ го минаа Дуделанж со вкупни 1:0, а потоа дојде и Дебрецен. На првиот меч 1:1, а дома победа од 4:1 и пласман во следната фаза. Таму на патот се најде Лил од Франција. Французите беа посилни и после победата од 3:0 дома, беше јасно дека ќе одат во групната фаза. Во Скопје, Лил победи со 0:1 и со вкупни

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“



Датум: 08.07.2017, 17:47
Статијата е прочитана 3427 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense