| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.11.2017

Алексовски со шест конци на устата

„Имам конци на усните. Среќа збите и носот ми се здрави“, вели голманот на Вардар

Игор Алексовски имаше жесток судар со стоперот на Пелистер Мартин Ковачев. Тој при една интервенција не забележа дека кон него оди противничкиот играч, па имаа жесток судар со главите. И покрај укажаната лекарска помош, на голманот на Вардар вчера му беа сошиени шест конци.

„Имам конци на усните. Две на долната, и четири на горната. Среќа забите и носот ми се здрави. Можеше да биде и полошо, добро поминав“, ни изјави голманот на Вардар.

Алексовски денеска ќе го пропушти тренингот, а веќе од утре се враќа на обврските.



Датум: 20.11.2017, 15:34
Статијата е прочитана 1684 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense