| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2017

Јакимовски на пат за Парма

Некогашниот италијански гигант го посакува нашиот интернационалец

Никола Јакимовски можно е зимава уште еднаш да ги промени клубските бои. Тој веќе се вдоми во италијанскиот фудбал, па по Варесе, Комо, Бари и Беневенто, можно е да се пресели во редовите на некогаш светски познатата Парма. Овој клуб како што е добро познато, поради финансиски проблеми беше преселен во најнизок ранг на натпреварување, но полека но сигурно Парма се враќа на сцената. Во моментов е втора во третата лига на Италија со големи шанси идната сезона да биде второлигаш. Медиумите во Италија велат дека Јакимовски е еден од потенцијалните нови напаѓачи на тимот, кој очигледно дека посакува што повеќе да се засили. Јакимовски во моментов има 26. години и за тимот на Беневенто во втората италијанска лига сезонава на десет меча постигна еден гол.

 



Датум: 25.01.2017, 10:57
Статијата е прочитана 2528 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense