| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.09.2017

Тричко најдобро рангиран македонски стрелец

Според „Ranking Top Scorers“ напаѓачот на АЕК Ларнака се наоѓа на 151. место во светот, меѓу најдобрите 500, a на оваа листа се уште Алиоски и Несторовски

Иван Тричковски е најдоброрангиран македонски стрелец и е меѓу најдобрите 500 во светот. Тој, така барем велат од порталот „RANKING TOP SCORERS“, се наоѓа на 151. место. Напаѓачот на АЕК Ларнака во оваа календарска година има постигнато 17 голa. На оваа листа се споменуваат уште само Езџијан Алиоски и Илија Несторовски. Фудбалерот на Лидс со 12 голa се наоѓа на 412. место, додека голгетерот на Палермо со 11 голa се наоаѓа на 466. место во светот.
Инаку, на првото место на оваа листа е Лео Меси, следуваат Единсон Кавани, Кристијано Роналдо.
На листата се вреднуваат головите на меѓународната сцена и во најдобрите лиги во светот. Затоа и ги нема Ибраими, Блажевски и др,. стрелци во домашниот шампионат.

Само Седло и Чеде на листата

Кога станува збор за тренерите, тогаш на листата на „Ranking Coaches“, меѓу најдобрите 1.000 тренери во светот, се споменуваат само ексстратегот на Вардар и неговиот наследник, Гоце Седлоски и Чеде Јаневски. Седлоски се наоѓа на 558. место во светот, а Јаневски, пак, на 579. место.

Вардар, Шкендија, Работнички

Меѓу најдобрите 1.000 клубови во светот, на листата на „Club World Ranking“ се наоѓаат само три клуба. Најдобропласиран, на 544. место, е Вардар, Шкендија се најде на 749. место, додека Работнички на 848. место во светот меѓу најдобрите клубови. Тука се вреднуваат само резултатите и успесите на меѓународната сцена.


 



Датум: 15.09.2017, 10:38
Статијата е прочитана 573 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense