| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.05.2017


Томас беше најскапиот во историјата на мак - фудбалот

Неофицијално Шкендија на Брдариќ му плаќала 8.000 евра месечно, плус 2.000 евра за неговиот помошник Армин Фридрих. Тоа е највисоката сума што некој наш клуб му ја плаќал месечно на еден стратег


Секако дека кога станува збор за месечните плати на тренерите и играчите во нашите клубови, официјалните суми не и се познати на јавноста. Ретко кој или никогаш досега ниту еден наш клуб, јавно не искочил со тоа колку ги плаќа своите играчи или тренери. Сепак нашите информации говорат дека Шкендија на Томас Брдариќ месечно му давала 8.000 евра и плус 2.000 евра за својот помошник Армин Фридрих. Ако ова е точно тогаш Брдариќ беше најскапиот тренер во историјата на нашата Прва лига и ги надмина Драгољуб Беквалац и Радмило Иванчевиќ, кои пред десет години во Работнички и Македонија ЃП земаа по 7.000 евра месечно. Тука некаде е и Гоце Седлоски, трофејниот стратег кој за две години му донесе две титули на својот тим.



Датум: 10.05.2017, 10:45
Статијата е прочитана 4753 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense