| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.06.2017

Вардар тргна со подготовките, и Исени е тука

Со Ацо Стојков, со Бесир Исени но без неколкумина репрезентативци, тренерот Гоце Седлоски означи старт на летните подготовки на шампионот

Со неколку минутно пролонгирање поради невремето, Вардар од попладнево и официјално тргна со подготовките во пресрет на настапот во ЛШ и следната сезона.
На првиот тренинг тука беа и Ацо Стојков, потоа и Бесир Исени, но недостигаа неколкумина, пред се младите репрезентативци кои се во Полска на ЕП.
За она што го очекува Вардар во блиска иднина свој коментар имаше тренерот Гоце Седлоски...
„Сите ривали во ЛШ се тешки, кој и да падне ќе треба да се покажеме во најдобро светло. Почнавме со подготовките, не сме комплетни, очекувам до заминувањето во Австрија да ни се приклучат  и останатите. Во работата со екипата ќе бидат приклучени и неколку млади од нашата школа“.

 



Датум: 14.06.2017, 17:58
Статијата е прочитана 5263 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense