| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.09.2017

Кипар не почести со „тројка“

Младата селекција на Македонија У-17 во пријателски меч загуби од Кипар со 0:3

Младите фудбалери на Кипар одиграа одлично прво полувреме, постигнаа три гола и потоа им беше далеку полесно да победат на вториот од двата пријателски меча кој денеска се одигра на комплексот Петар Милошевски помеѓу репрезентациите до 17. години. Ако првиот меч зврши 2:2, со гол кој го дадовме во последната минута овојпат такво нешто не се случи. Гостите не ја направија истата грешка и погодоците кои ги постигнаа потоа значеа и победа. Противникот овојпат се покажа како поквалитетен противник.
Уште од самиот старт кипраните имаа повеќе од играта создадоа повеќе шанси. Поведоа преку Даџиконстанти, а за кратко време Пароутис, а на крајот и Распас ни окажаа дека имаме проблеми да се одбраниме. Во вториот дел противнико продолжи во исто темпо и заслужено дојде до триумф.

 



Датум: 14.09.2017, 17:55
Статијата е прочитана 1007 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense