| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.03.2017

Вардар ослабен пред мечот со Победа

Шампионот нема да смета на услугите на повредените Попов и Спировски, а Фелипе има пет жолти картони

Вардар ги сумира впечатоците од вчерашниот натпревар против Шкендија, а веќе во недела го очекува нов натпревар во првенството против Победа. Дуелот најверојатно ќе се игра во Кичево, а на теренот шампионот ќе биде драстично ослабен.

Поради повреди и суспензии стручниот штаб на „црвено-црните“ нема да смета на тројца стандарни фудбалери. Горан Попов и Стефан Спировски добија повреди на вчерашниот меч против Шкендија, а Хуан Фелипе, пак, доби петти жолт картон на мечот во неделата.

Попов ја повреди задната ложа, додека Спировски го скрши прстот на раката, поради што двајцата ќе мора да паузираат. Јасно е дека ќе паузира и Џонатан Балотели кој што веќе одамна е надвор од „строј“.  Вардар ќе мора да бара алтернативи за овие тројца играчи, а со оглед на долгата клупа, тоа не треба да преставува проблем за лидерот на табелата.



Датум: 02.03.2017, 12:05
Статијата е прочитана 2314 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense