| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.05.2017

Атанасов го „секна“ Вардар

 

Струмичани финалисти во кадетскиот куп, со гол во деведесеттата минута

Јани Атанасов е херојот на кадетскиот состав на Академија Пандев, откако струмичани попладнево со конелни 3:2, го совладаа вардар во полуфиналето од кадетскиот национален куп на Македонија. „Пандев“ имаше добар резултат од првиот меч, 1:1, но тоа не ги спречи и двата тима денеска да одиграат прекрасен меч. Имаше доста голови, а Вардар имаше финале се до деведесетатат минута, односно судиското продолжение. Тогаш на сцена стапи Јани Атанасов, кој го постигна третиот гол за својот тим на овој меч и автоматски го внесе во финалето.

А.ПАНДЕВ – ВАРДАР 3:2 (1:0)
ПРВ НАТПРЕВАР: 1:1
Стрелци: Петров, Велиновски, Атансов (АП) Ѓоргичков (аг) Стојчевски (В)
А.ПАНДЕВ: Каракиров, Тасев, Трајков, Ивановски, Ѓоргичков, Мена, Скендери, Петров, Гоцевски, Велиновски, Размоски
Играа уште: Димовски, Атанасов, Трапановски, Делевски, Маневски, Крстев
ВАРДАР: Денковски, Џуклески, Антовски, Јордановски, Серафимов, Колевски, Маркоски, Стојчевски, Насковски, Тодоров, Трајчевски
Играа уште: Стојчевски, Бериша, Стојменов

 



Датум: 03.05.2017, 19:29
Статијата е прочитана 6248 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense