| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.12.2017

Вардар во Купот си закажа двомеч со Шкендија

Со головите на Николов и Максимов, шампионот во реванш мечот од 1/8 финалето во Купот го победи Шкупи со 2:0 и со вкупни 3:1 се пласира во следната фаза каде го чека Шкендија

Напролет ќе имаме можност да следиме четири пресметки меѓу Вардар и Шкендија, од кои два во 1/4 финалето во Купот на Македонија. Имено шампионот попладнево во Ѓорче, со головите на Николов во 64. и Максимо во 82. минута со 2:0 го победи Шкупи во вториот меч од 1/8 финалето од Купот на Македонија. Па така со вкупни 3:1, шампионот се пласира во 1/4 финалето каде го очекува Шкендија. Овие две екипи меѓу себе ќе решаваат која екипа ќе им им се придружи на Пелистер, Ренова и Академија Пандев, кои веќе се во полуфиналето.

 



Датум: 17.12.2017, 14:57
Статијата е прочитана 1617 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense