| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.02.2017

Јонуз: ФФМ и ветува на Шкендија дека ќе биде шампион!

„За да спаси ситуацијата, ФФМ и ветува на Шкендија дека ќе биде шампион, а дека Победа и Брегалница ќе останат во Лигата“ истакна Јонуз


На денешниот прес на Обединети за фудбалот, кој се одржа во хотелот „Холидеј Ин“, Мирсад Јонуз, еден од иницијаторите за промени во ФФМ и неуспешен кандидат за претседател на ФФМ, со директно обвинение кон челните луѓе на Федерација.
„Ветувањата од ФФМ дека Шкендија ќе биде првак а дека Брегалница и Победа ќе избират опстанок во лигата ќе донесе уште поголема лакрдија и многу поголеми проблеми. И сетоа ова со ждребувањето на судиите е навистина голема лакрдија“ посочи некогашниот селектор.

Бев одбиен зошто имаат страв од мене!
Во продолжение тој се осврна и на кандидатурата за претседател на ФФМ и засите настани што се случуваа во ОФС Тетово.
„Не сакам да рушам нешто зошто се е срушено. Ова го правиме со цел да добиеме ветар во грб за да ги смениме нештата кон подобро. Јас бев избран на легитимно Собрание но ми беше одбиена кандидатурата по експресна постапка.  Сакав со искрена работа и со помош на поранешни репрезентативци да помогнеме. Сега со оваа работа ќе биде уште полошо“.



Датум: 16.02.2017, 13:25
Статијата е прочитана 5368 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense