| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.05.2017

„Штофарите“ го победија Тиквеш и се во „игра“ за опстанок

Екстра значајни бодови за Тетекс, додека Скопје пак во соседското дерби немаше милост кон Металург и ги втурна „железарците“ кон бездната наречена Трета лига

Голема, многу значајна победа на Тетекс во дербито на дното со Тиквеш од 2:1. Освоени се три бодови кои можеби ќе значат и спас од најлошото. Кавадарчани поведоа на овој меч но „штофарите“ направија пресврт и сега на коло до крајот се во „игра“ за опстанок. Сега тие се деветти на табелата со 25 бодови исто колку и Тиквеш а последен е Вардар (Н) со 22 бодови.
Неготинци загубија со 0:1 на гостувањето кај Хоризонт Т. Скопје немаше милост кон соседот Металург. Новиот прволигаш со 4:0 ги победи „железарците“ и ги втурна кон бездната наречена Трета лига. Академија Пандев во Кичево го искажа сиот свој квалитет и со 5:2 го победи тимот на Новаци кој пак за првпат е поразен на „свој“ терен во овој град каде играше поради казната.
И во последниот меч од ова 26 или претпоследно коло во Втората лига, екипите на Еуромилк – Влазерими ремизираа со резултат 2:2 во меч одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Следната сабота се игра последното 27 коло во кое ќе се знае и дефнитивно кои екипи ќе испаднат од Втората лига.

РЕЗУЛТАТИ – 26. КОЛО
СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ 4:0
НОВАЦИ – А. ПАНДЕВ 2:5
ЕУРОМИЛК – ВЛАЗЕРИМИ 2:2
ХОРИЗОНТ Т – ВАРДАР (Н) 1:0
ТЕТЕКС – ТИКВЕШ 2:1
ТАБЕЛА
1.А.Пандев 65, 2.Скопје 53, 3.Новаци 42, 4.Хоризонт 36, 5.Еуромилк 35, 6.Влазерими 32, 7.Металург 26, 8.Тиквеш 25, 9. Тетекс 25, 10. Вардар (Н) 22 бодови



Датум: 20.05.2017, 18:51
Статијата е прочитана 4953 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense