| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.04.2017

Академија Пандев и официјално прволигаш

Екипата на Академија Пандев предмалку оствари нова победа сезонава на гостувањето кај Тиквеш од конечни 1:3

Истата, со оглед на фактот што тимот на Новаци не успеа да победи на гостувањето кај Хоризонт Турново, значи дека донесе и официјална промоција на струмичани како прволигаши. Со оглед на големата бодовна залиха која „Пандев“ ја имаа уште од есенскиот дел на шампионатот, беше само прашање на време кога струмичани и официјални и математички ќе обезбедат пласман во првата лига, еве тоа се случи токму во 22. Коло, на шест меча до крајот на шампионатот. Творци на победата на Академија Пандев во Кавадарци беа Јани Атанасов уште во шестата минута, Давид Атанасковски во вториот дел и Атанасов повторно во самиот финиш на мечот. Од друга страна пак домашните за момент донесоа неизвесност откако Лазарев на стартот на вториот дел погоди за 1:1.
Турновци пак одработија што  се вели за својот сосед, и му одземаа бод на Новаци што беше доволно. Хоризонт на свој терен имаше водство од 2:0, но по катастрофалната судиска арбитража на Далибор Ѓоргевски, кој досуди пенал и два црвени картони за Новаци, битолчани сепак дојдоа до 2:2. По мечот имаше гужва и незадовлство од домашните кои не се помирија со фактот дека им беше одземена победата што се вели.
ЛИСИЧЕ ОД ГОТОВО ВЕРЕСИЈА
Еуромилк пак на домашен терен имаше водство од 2:0, шанси и игра за да испушти домашна победа во дуелот со Металург во деведесетата минута. Херој на гостите беше Иво Јанакиевски кој постигна два гола од слободен удар, вториот во третата минута од судиското продолжение.

ВТОРА ЛИГА 22. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ:
ЕУРОМИЛК – МЕТАЛУРГ 3:3
ХОРИЗОНТ Т. – НОВАЦИ 2:2
ТЕТЕКС – СКОПЈЕ 0:1
ТИКВЕШ – А.ПАНДЕВ 1:3
ВАРДАР – ВЕЛАЗЕРИМИ 0:0



Датум: 22.04.2017, 18:22
Статијата е прочитана 15430 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense