| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.02.2017

Вујчиќ „виси“ за супер дербито со Вардар!

 


Штефан Вујчиќ се жали на болки во пределот на тетивата, повреда заработена на подготовките во Анталија. Но веројатно ќе се најде во тимот на гостувањето кај шампионот на 26 февруари. Имено се прават напори клучниот играч за врска што побргу да заздрави.

Нашите неофицијални информации велат дека Штефан Вујчиќ се жали на болки во пределот на тетивата, повреда заработена на подготовките во Анталија. Но дека најверојатно ќе се најде во тимот на гостувањето кај шампионот. Едноставно таков меч не се пропушта. Се знае дека можеби тоа дерби на 20. коло е и клучно во однос на прашањето за титулата. Ако тетовци загубат во Скопје тоа би било крај на надежите на Шкендија дека може да дојде до пехарот во првенството. Ако пак успеат да ги освојат тие три бода, е тогаш навистина станува супер интересна битката со големиот ривал. Тогаш Шкендија ќе биде во голема предност.



Датум: 08.02.2017, 11:25
Статијата е прочитана 1559 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense