15.12.2017
Реми и пораз против Кипар

Македонските младински селекции со само една победа се враќаат од Кипар.
Заврши престојот на македонските младински селекции до 14. односно 16. годишна возраст на Кипар. Нашите млади фудбалери одиграа четири натпревари, а успеаа да победат само еднаш. На вторите пријателски средби, одиграни вчера, Македонија У-14 загуби со 3:1, додека У 16 одигра 1:1. На првите две средби У16 победи со 4:3, а помладите колеги загубија со минимални 1:0.
Датум:
15.12.2017, 14:52 |