| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.06.2017

Струмица подготвена за Европа

Стадионот во Струмица е подготвен да ги пречека овосезонските меѓународни натпревари на нашите екипи

Теренот и трибините на стадионот во Струмица се подготвени. Се чека само одигрувањето на првиот меѓународен натпревар. Ќе се игра во четврток кога Шкендија ќе ја пречека Дачија.

Потоа на истиот терен Пелистер ќе го дочека тимот на Лех Познањ, а „шлагот“ ќе биде натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Малме кој што ќе се игра најверојатно на 19 јули.

Сите екипи освен Работнички ќе бркаат европски успех. „Романтичарите“, пак, се решија домашниот меч со Тре Пене да го одиграат на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје, односно на терените на ФФМ.

ФОТО: СТРУМИЦА



Датум: 25.06.2017, 10:45
Статијата е прочитана 4290 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense