| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.09.2017

Драган Здравков - со 54 години игра во Втората лига

На мечот Осогово - Плачковица, домашниот тим во својот состав го имаше убедливо највозрасниот фудбалер во Македонија

Натпреварот меѓу Осогово и Плачковица, во рамките на Втората лига - Исток, ќе биде запаметен не по резултатот од 2:1, туку по нешто друго. Имено за домашниот тим настапи Драган Здравков, кој има 54 години и е вистински дедо во однос на другите играчи. Тој влезе во игра од клупата за резерви и одигра десетина минути, но она по што напиша историја е неговата возраст. Тој истрча на теренот на свои 54 години, со што стана највозрасниот фудбалер што некогаш се појавил на официјален натпревар во Првата или во Втората македонска лига. Рекорд вреден за почит и тешко ќе биде некој да го повтори.  Инаку на сликата Здравков е тој крајно десно.



Датум: 19.09.2017, 18:07
Статијата е прочитана 10356 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense