| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.05.2017

Гачевски со нова верност кон Вардар

Плус три години договор за голманот кој оваа сезона направи бум и беше еден од заслужните за титулата. И покрај интересот од Италија, Германија и од Полска, сепак, шампионот успеа да го задржи во своите редови

 

Филип Гачевски и сегашниот и иден шампион Вардар ќе бидат заедно најмалку уште три години, откако голманот во следните неколку дена ќе потпише нов договор со него, дознава „Македонски спорт“. Гачевски, кој оваа сезона е еден од најслужните за новата шампионска титула на клубот, добива нов договор од него, кој е многу подобар од сегашниот. Гачевски дојде во Вардар во 2015 година, во летниот преоден рок, од Брегалница. Една година ја чекаше шансата, и потоа ја дочека. Оваа сезона, освен на три првенствени меча, на другите неприкосновено го чуваше голот на вардарци и е човек со најмалку примени голови, а и со најмногу натпревари без примен гол.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 27.05.2017, 11:58
Статијата е прочитана 3009 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense