| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.12.2017

И Гафури во дресот на Фљамуртари

Продолжува да се зголемува македонската колонија во овој албански тим

Албанскиот тим Фљамуртари продолжува да „пазари“ на територијата на Македонија. Најновото засилување во оваа екипа е досегашниот фудбалер на Ренова, Арѓент Гафури кој што денеска беше промовиран во дресот на оваа екипа.

Гафури долго време беше дел од „гипсарите“, и сега се реши да почне интернационална кариера.
Покрај Гафури, во оваа екипа од македонските фудбалери уште играат Артим Положани, Горан Силјановски, Мухамед Усеини и пред некој ден потпиша и Муарем Муарем. Таму отиде и поранешниот фудбалер на Силекс, Игор Недељковиќ.



Датум: 27.12.2017, 20:36
Статијата е прочитана 1564 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense