| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.01.2018


Ренова во Костов доби големо засилување


*Откако и дефинитивно заздрави од повредата, Стефан Костов вредно работи на подготовките и секако дека ќе биде еден од најважните „шрафови“ во тимот на Ренова во пролетниот дел

 

 

Стефан Костов (21), младиот стопер во пролетниот дел од тековната сезона според сите најави треба да биде еден од најважните „шрафови“ во тимот на Ренова. Тој откако и дефинитивно заздрави од повредата, која го мачеше во вториот дел од есенскиот дел, сега е целосно здрав, вредно работи и треба да биде големото засилување за составот на тренерот Влатко Костов. Да потсетиме дека пред повредата  Стефан Костов беше одличен во дресот на „гипсарите“, беше еден од најдобрите ако не и најдобар поединец во својот тим. Постигна и два гола и секогаш беше столбот на одбраната на својот тим. Со него во одбраната екипата на Ренова ги имаше своите најдобри игри и најдобри резултати во првиот дел од сезоната. Но, рековме веќе, дојде таа несреќна повреда и Ренова мораше да игра без него.


Штипски стоперски тандем кај „гипсарите“


Во Ренова оваа зима дојдоа неколку нови играчи, но со враќањето на Костов во тимот се чини дека оваа екипа за пролетниот дел го доби најголемото свое засилување. Кога сме кај одбраната да кажеме дека со доаѓањето на Дарко Стојанов во Ренова во текот на овој зимски преоден рок, „гипсарите“ ќе имаат штипски стоперски тандем, Стефан Костов - Дарко Стојанов. И двајцата се штипјани и двајцата се некогашни играчи на Брегалница. Се разбира дека тука се и останатите дефанзивци на Ренова кои од стратегот Влатко Костов, но веројатно, според квалитетите и пред се очекувањата, прв пик во тој дел од тимот ќе бидат двајцата штипјани.

 

 



Датум: 22.01.2018, 20:11
Статијата е прочитана 1653 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense