| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.05.2017

Дербито на „вечните“ за уживање под „Тумбе Кафе“

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар ќе биде во центарот на вниманието во попладневното 35. коло

Попладневно се играат сите пет натпревари од 35. или претпоследно коло во нашата елитна лига. Во Битола се среќаваат Пелистер и Вардар, тоа ќе биде дуел на „вечните“ ривали но тоа ќе биде и своевиден Супер Куп натпревар поради фактот дека „зелените“ го освоија Купот на Македонија а „црвено - црните“ се старо - нови шампиони.
Во Тетово се игра соседското дерби меѓу Ренова и Шкендија, дерби без никакво резултатско значење. На „Борис Трајковски“ во Скопје фудбалерите на Работнички ја дочекуваат Победа, меч на кој бодовите им се императив само на прилепчани. Во Ѓорче играат „второлигашите“ Македонија ЃП и Брегалница. И во Кратово, Силекс го нагостува Шкупи, меч во кој бодовите им се потребни само на чаирчани.

 

ДВОЈКИ ЗА 35. КОЛО - ДЕНЕСКА (16:30 Ч)
БИТОЛА: ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР
ТЕТОВО: РЕНОВА - ШКЕНДИЈА
СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ - ПОБЕДА
СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА ЃП - БРЕГАЛНИЦА
КРАТОВО: СИЛЕКС - ШКУПИ



Датум: 28.05.2017, 14:32
Статијата е прочитана 1098 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense