| контакт | маркетинг

12.07.2017

Македонија со статус кво во Европа

Финалето во Европската лига ни донесе нови 28 бода, но и со нив остануваме на 21. место, со вкупно 156 бода на последното рангирање на европската Куќа на одбојката

Македонската машка репрезентативна одбојка на најновата ранг-листа на Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) ја има истата позиција како и претходно, 21. место во Европа. Третото финале во низа во Европската лига и сребрениот медал од изданието 2017, на Македонија ѝ донесоа нови 28 бода на рангирањето, но тие не беа доволни за чекор напред, па така со 156 бода имаме статус кво.
При креирањето на листата се земаат бодовите од учествата на последните две европски првенства (тука се вклучени и квалификациите), па така од циклусот за ЕП 2013 имаме 50 бода, додека од квалификациите за ЕП 2017 имаме „заработено“ 52 бода. Бодовите од ланските квалификации за континенталниот собир кој се игра годинава, ќе бидат објавени на следната ранг-листа, која ќе биде дефинирана токму по завршувањето на ЕП 2017. Македонија нема настап во ФИВБ Светската лига, па разбирливо е да немаме корист од тоа, додека на оваа ранг-листа и понатаму ги имаме и бодовите од настапот во европските квалификации за Светското првенство 2014 (26 бода), кога игравме во третата фаза од циклусот.


Колку за споредба, Украина со која Македонија се сретна во финалето на Евролигата 2017, со освојувањето на златниот медал, освои 32 бода, кои ѝ овозможија да скокне седум позиции и сега е на 17. место на ранг-листата на ЦЕВ (176 бода). Нашите одбојкари се во друштво со Хрватска, која, исто така, немаше движење на листата, како и Шпанија, која се искачи за една позиција, односно Грција, која е на 22. место и падна за четири места.
Освојувачот на ФИВБ Светската лига 2017, Франција, е лидер на ранг-листата со 288 бода, додека Русија се искачи за едно место и сега е втора со 280 бода. Водечката тројка ја заокружува Србија, која го задржа истото место од претходното рангирање.



Датум: 12.07.2017, 15:13
Статијата е прочитана 721 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense