| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.04.2017

Во Новаци со боксови нокаутиран директорот на Вардар (Н)!

„Претседателот на Новаци ја прескокнал оградата од теренот, влегол во просторот каде бил нашиот претставник на клубот, инаку директор на Вардар (Н), и со боксови го удрил. Па ова ли е фудбал? Зошто судијата Маркоски не ја прекина средбата?“ се прашува Владо Данаилов, капитенот на неготинци и дел од раковоството на Вардар Неготино

Тежок инцидент се случи денеска на средбата во Новаци меѓу истоимениот клуб и Вардар (Н), кој сепак заврши со резултат 1:1. За ова говори капитенот на неготинци и дел од раководството на клубот Владо Данаилов:
„Па ова го има само во Македонија. Искрено јас не бев во Новаци но по кажувањето на моите колеги од клубот и од она што можев да видам на ТВ сникмката, со боксови бил удрен нашиот претставник на екипата и воедно директор на клубот г. Горан Гогов. И тоа ни помалку ни повеќе туку од страна на првиот човек на домашните, од претседателот на ФК Новаци, точно името не му го знам. Е тоа лице ја прескокнало оградата, влегло на теренот каде биле службените лица и со боксови ги удрил нашиот директор Гогов. Па какво е тоа однесување на претседателот на ФК Новаци? Што ли му е виновен Гогов, навистина не знам. А судијата Маркоски е посебна приказна. Зошто не ја прекина средбата и означи крај во таа 89. или 90. минута туку чекаше Гогов да го изнесат од теренот а потоа истатата да ја продолжи. Зошто не реагираше и полицијата? Јасно е дека ова е тежок инцидент а можеше да биде уште потежок, истиот да заврши со трагични последици. Повредениот Гогов која на моменти беше во бесзознание веднаш е префрлен во болница и таму ќе остане се додека не му се направат детални лекарски прегледи. Нема што, ние сме фрапирани од овој тежок инцидент. Во текот на утрешниот ден и како клуб ќе искочиме со офијцијален став по повод настаните во Новаци“ изјави Данаилов.
Инаку зборовите на Данаилов ги потврдува и делегатот Арсо Здравески кој во записникот по мечот напишал дека имало инцидент во 89.минута, но и дека во дополнителниот извештај ќе опише што се случувало во Новаци.

 



Датум: 01.04.2017, 20:16
Статијата е прочитана 10691 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense