| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.07.2016


До 20-25 јули да се плати котизација


Во тек е лиценцирањето на клубовите за следната 2017-2018 сезона

ФФМ се подготвува за следната 2017-2018 сезона, инаку 26. во историјата на самостојна Македонија. Како што најавивме, прволигашите стартуваат на 13 август, а второлигашите, пак, една недела подоцна. Затоа во моментов во надлежните служби на ФФМ се води постапка на лиценцирање клубови, во која спаѓа и плаќањето на котизацијата, која изнесува 12.000 евра за клубовите од Првата лига и 8.000 евра за оние од Втората лига. Па така, секој клуб мора да го плати овој износ ако сака да добие лиценца да се натпреварува во соодветната лига. Овој рок е некаде до 20-25 јули за потоа да може комесарот за натпревари, на 20 дена пред стартот на сезоната, да ја изврши ждрепката за следната сезона во Првата и во Втората лига и за првото коло од Купот на Македонија.

 



Датум: 02.07.2017, 10:50
Статијата е прочитана 3712 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense