| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.07.2017

Работнички со Динамо Минск го игра 55 евро натпревар

Попладнево на теренот на ФФМ, „романтичарите“ го дочекуваат тимот од Белорусија во рамките на првиот меч од 2.квалификациско коло


Работнички денеска го игра својот 55 евро натпревар во својата клупска историја и оди на 21 победа. Ова „романтичарите“ ги прави рекордери кога станува збор за останатите наши клубови, но само ако се сметаат евро средбите во квалификациите во ЛШ и ЛЕ.


Тимот на стратегот Виктор Треневски оди на добар резултат, но секако дека, за разлика од дуелот со Тре Пене, овојпат ќе биде многу потешко. Белорусите се фаворити на хартија, но топлото време и фактот дека клубот од Градски парк знаел во минатото да елиминира и поголеми клубови од Динамо, дава надеж дека нашиот тим може да изненади.


Инаку мечот се игра попладнево на теренот на ФФМ со почеток во 18 часот.



Датум: 13.07.2017, 15:09
Статијата е прочитана 1556 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense