| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.05.2017

Петрески на ЕП во Хрватска

Нашиот судија на евро шампионатот за младинци до 17. години ќе биде помошник на дерби средбата Турција – Шпанија која се игра утре во Ријека

Судијата Гоце Петрески е едиствениот наш претставник за ЕП за младинци до 17 години кое се одржува во Хрватска. Тој ќе биде помошен судија на дерби средбата меѓу Турција – Шпанија која се игра утре во Ријека. Петрески кој важи за еден од нашите најдобри асистенти, ќе му биде прв помошник на главниот судија Доминик Ошчан од Австрија. Контролор на судењето на оваа средба ќе биде познатиот Кирос Васарас од Грција а делегат пак исто така познатиот Руди Заврл од Словенија.

 



Датум: 02.05.2017, 19:35
Статијата е прочитана 3551 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense