| контакт | маркетинг

17.09.2017

Хамилтон го искористи „самоуништувањето“ на Ферари

Луис Хамилтон го искористи судирот на двајцата возачи на Ферари со Макс Ферстапен во Ред Бул за да стигне до неверојатна победа во Сингапур и да го зголеми водството во генерален пласман на 28 поени

Дождот предизвика првите шест возачи (Фетел, Ферстапен, Рикијардо, Раиконен, Хамилтон и Ботас) да стартуваат со „средни гуми“. Тогаш се случи хаосот. Раиконен имаше одличен старт и од четвртото место отиде до Ферстапен и Фетел на приодот на првата кривина. Фетел се придвижи да го затвори Ферстапен, кој потоа имаше контакт со Раиконен, извртувајќи го Финецот во правец на Фетел.
Болидот на Раиконен потоа ги собра Ферстапен и Фернандо Алонсо на првата кривина, додека Фетел продолжи со оштетениот болид, но веднаш ја загуби контролата на третата кривина и се откажа.
За Хамилтон ова беше неверојатен „подарок“. По ре-стартот на трката, тој направи предност од 3.5 секунди пред Рикијардо, предност која остана и покрај уште едното излегување на безбедносното возило.

СИНГАПУР ГП
1.Луис Хамилтон (Мерцедес)
2.Даниел Рикијардо (Ред Бул)
3.Валтери Ботас (Мерцедес)
4.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)
5.Серхио Перез (Форс Индија)
6.Џолион Палмер (Рено)
7.Штофел Фандорне (Мекларен)
8.Ленс Строл (Вилијамс)
9.Роман Грожан (Хас)
10.Естебан Окон (Форс Индија)



Датум: 17.09.2017, 16:37
Статијата е прочитана 857 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense