| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.04.2017

Мишов му донесе двојна предност на „Пандев“

Струмичани го победија Вардар со 2:0 во полуфиналето од младинкиот куп

Со двата гола на Александар Мишов младинскиот состав на Академија Пандев, предмалку во првиот меч од полуфиналето на младинскиот куп го совлада Вардар и на тој начин стекна сериозна предност пред реваншот кој се игра на 4. мај. Овој двомеч е еден вид финале пред финале, а во другиот полуфинален дуел кој патем се игра утре се среќаваат Милано и Работнички.

А.ПАНДЕВ - ВАРДАР 2:0 (0:0)
Стадион во Струмица
Судии: Ѓоргиев, Стојанов, Џонов (сите од Струмица)
Стрелец: Мишов 2 (АП)
А.ПАНДЕВ: Шпиров, Јованов, Папучиев, Скендери, Делевски, Трапановски, Атанасов, Шилинов, Миловановиќ, Маневски, Томовски
Играа уште: Димовски, Мишов, Велиновски
ВАРДАР: Трајчевски, Тодороски, Ричков, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Димитровски, Даци, Најдоски, Стојчевски
Играа уште: Маркоски, Хамзиќ



Датум: 26.04.2017, 15:56
Статијата е прочитана 4895 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense