| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.12.2017

Вардар во Анталија ќе се „тестира“ со Ботев, Дукла...

Досега се познати само два клуба со кои Вардар ќе ги одмери силите на подготовките во Анталија, допрва ќе се преговара за уште два меча

Ботев од Бугарија и Дукла Прага од Чешка, сега засега се двата спаринг партнери на Вардар на подготовките во Анталија (Турција). Покрај овие две екипи во деновите што претстојат ќе се дознаат и уште двата преостанати екипи со кои четата на стратегот Чеде Јаневски ќе ги одмери силите.

„Каја Палацо“ хотелот ќе биде базата

Кога сме кај Анталија, да споменеме дека експедицијата на Вардар за Турција заминува на 16-17 јануари, веројатно најрано од сите останати наши клубови кои имаат во план најважниот дел од подготовките да го минат во овој познат спортско - туристички центар. Базата ќе биде, исто како и минатата година во хотелот „Каја Палацо“. Вардарци лани беа презадоволни од тоа какви услови имаа во овој хотел па токму затоа не експериментираат и одат на сигурно, немаат намера ништо да менуваат.




Датум: 25.12.2017, 10:34
Статијата е прочитана 1409 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense