| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ


13.07.2017

ОКО СОКОЛ - СПАС ЗА ВАРДАР...!

 

Милиметри го спасија нашиот првак на дуелот во Шведска. Секоја чест за помошниот судија од Исланд

За големи работи потребна е и голема среќа. Таа ја имаше Вардар во Малме каде „црвено-црните“ одиграа 1:1 со првакот на Шведска. Медиумите од оваа земја се окупирани со спорниот момент во 95. минута. Кристијансен распали од далечина, топката удри во гредата и се одби на гол линијата.
Фотографиите се доказ дека моментот е спорен. Но!? Секоја чест за помошниот арбитар Сигуртсон од Исланд. Не сигнализираше гол за Малме со кој тимот од Шведска ќе победеше со 2:1. Точно, топката повеќе е во половината позади гол линијата но мал дел лежи на самата линија. Тоа не е гол!
Сепак чесноста на арбитрите е во преден план. Што ако покажеа дека е гол!? Каде да се жалиш, кој да те чуе... Ваквите моменти се само потврда дека Вардар со себе ја има и „фортуната“. Без неа не може да се оди во европски бој. Ќе ни треба и во вторник во Струмица.

 



Датум: 13.07.2017, 12:13
Статијата е прочитана 3079 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense