| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.02.2017

Шиков одново преговара со Ордабаси

Ванче Шиков е во нови преговори со Ордабаси, еден од најдобрите клубови во Казахстан.


Ванче Шиков е во нови преговори со Ордабаси, еден од најдобрите клубови во Казахстан. Велиме нови зошто репрезентативниот стопер во два наврати не успеа во минатото да најде заеднички јазик со Казахстанците. Имено, прво Шиков потпиша за Австрија Виена, а потоа минатото лето се договори со Нефчи Баку. Можеби ќе има трета среќа за него и Ордабаси. Инаку, името на Шиков оваа зима се поврзуваше со Партизан, со Шкендија, но и со некои други клубови, но како што стојат работите во моментов, тој е најблиску до заминување или преселба во Казахстан.



Датум: 06.02.2017, 13:58
Статијата е прочитана 1510 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense