| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.06.2017

Пандев: Турција и Шпанија „паѓаат“ само со полна Арена

„Атмосферата е одлична, многу позитивна и сите со нетрпение го чекаме почетокот на мечот. Очекуваме голема поддршка од трибините. Сите ние чувствуваме посебна енергија кога играме за репрезентацијата, таа поврзаност е многу силна и кај Турција, но фудбалот се игра на тревникот. После химната, нема замор. Одиме да се надигруваме“ изјави капитенот

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за претстојните натпревари против Турција и Шпанија. Нашата „А“ селекција е подготвена за нови победи, а капитенот Горан Пандев ја бара поддршката од трибините.
„На мене, а и на соиграчите секогаш ни е најдраго кога играме против најдобрите. Турција е многу силна репрезентација, доаѓаат во полн состав, но сигурно нема да се браниме. Мораме да држиме ритам во текот на сите 90. минути и да бидеме фокусирани. Атмосферата е одлична, многу позитивна и сите со нетрпение го чекаме почетокот на мечот. Очекуваме голема поддршка од трибините. Сите ние чувствуваме посебна енергија кога играме за репрезентацијата, таа поврзаност е многу силна и кај Турција, но фудбалот се игра на тревникот. После химната, нема замор. Одиме да се надигруваме“ изјави Горан Пандев.
Во понеделник, на 5. јуни во 19:45 ја бодриме репрезентацијата на #Македонија на фудбалскиот натпревар против Турција.

Влезниците во продажба по цена од 100, 200 и 400 денари преку продажната мрежа наmktickets, официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall, а од недела и на билетарата на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.



Датум: 02.06.2017, 15:27
Статијата е прочитана 3097 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense