| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.04.2017

„Шилеста“ победа на Вардар

Вардар стави крај на лошата серија на гостувањата кај Ренова, совладувајќи ја со 1-0. По поразот на Шкендија кај Работнички, актуелниот шампион има девет бода предност пред теовските црвено-црни.

Дваесеттопеттото коло од првата македонска фудбалска лига тукушто заврши, а во него имаше неколку клучни натпрвари. Во прв ред тоа е големата победа на Вардар кај Ренова во Тетово со голот на Дејан Блажевски во 73. кој влезе како замена и донесе исклучително важни три бода. Истите имаат на уште пголема важност ако се знае дека Работнички на Телеком Арената извојува прекрасен триумф од 1:0 над Шкендија. Стрелец на единствениот гол за домашните беше Душко Трајчевски, а само неколку минути пред голот Шкендија ја имаше својата шанса на мечот. Бесарт Ибраими не искористи удар од единаесет метри, откако го погоди дирекот. Сега, разликата на табелата помеѓу Вардар и Шкендија е девет бода и иако има уште единаесет кола за играње оваа бодовна предност не е нималку наивна.

Пелистер не победи, Шенсои „виси“
Од друга страна пак, Пелистер како домаќин во Охрид одигра 0:0, против Силекс и не успеа да ја прекине серијата од три порази со победа. Брегалница врза пак два меча без пораз, и по ремито против Победа минатото коло, овојпат го „уништи“ Шкупи на домашен терен со 3:0.

Резултати 25. коло: Брегалница - Шкупи 3-0, Македонија ЃП - Победа 0:0, Пелистер - Силекс 0:0, Работнички - Шкендија 1:0, Ренова - Вардар 0:1.

Табела: вардар 59, Шкендија 50, Работнички 42, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 31, Шкупи 25, Победа 22, Македонија ЃП 17, Брегалница 16.



Датум: 05.04.2017, 17:59
Статијата е прочитана 2055 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense