| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.08.2017

Уште сега се бара билет повеќе за Шкендија – Милан


Голем е интересот во Македонија за спектаклот на 24 август на „Телеком Арената“ во Скопје

Фановите на Шкендија, фановите на Милан и сите други искрени љубители на фудбалот во Македонија и пошироко, уште отсега се распрашуваат за билети за спектаклот на 24 август. Имено на тој ден на „Телеком Арената“ во Скопје се игра реванш мечот од плејофот меѓу Шкендија и Милан. Постојано се звони во канцеларијата на ФК Шкендија и се бара информација кога ќе се пуштат билетите во продажба и колку ќе чинат тие. Интересот е голем, така и треба, во Скопје доаѓа големиот Милан и игра против нашата Шкендија. Повеќе од сигурно е дека на трибините на „Телеком Арената“ ќе има 35.000 гледачи.



Датум: 05.08.2017, 14:31
Статијата е прочитана 4733 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense