| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.06.2017

ФК Брегалница: Сите сте слободни да си одите!


Неочекувано соопштение се најде на огласната табла во просториите на штипскиот клуб


ФК Брегалница и официјално со клупски допис, огласен на огласна табла во клубот, објави дека сите вработени, професионално во клубот со договор, од фудбалери, преку економат, управа и стручен штаб се ослободени од обврските и може да си заминат.
Како што е добро познато, Брегалница идната сезона ќе го има статусот на второлигаш. Испаднаа штипјани од Првата лига и покрај тоа што имаа сѐ што им е потребно минимум за опстанок, а и за многу повеќе. Тука, пред сѐ, се мисли на финансиските средства, организацијата, теренот во Штип за пролетната сезона, кој е убедливо еден од најубавите во Македонија. Но ете, сето тоа не беше доволно за Брегалница да го зачува статусот на клуб од елитата на Македонија. Сега, очигледно, ќе фати нов правец, а во следниот период ќе се знае каков.



Датум: 08.06.2017, 11:02
Статијата е прочитана 10118 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense