| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.04.2017

И Македонија У16 со победа над Лихтенштајн

Македонската репрезентација до 16 години со победа против Лихтенштајн го започна развојниот турнир на УЕФА кој го организираме во Скопје.

Македонската репрезентација до 16 години со победа против Лихтенштајн го започна развојниот турнир на УЕФА кој се игра во Скопје.
Младите фудбалери предводени од Горан Станиќ славеа со со 2:1. Агон Елези во 10. минута и Џемал Ибиши во 50. минута беа стрелци на головите за македонската репрезентација. Во втората минута од второто полувреме Лукас Грабер го постигна погодокот за гостинската репрезентација.
Македонија до 16 години доминираше, посебно во првото полувреме во кое Елези го постигна водечкиот гол. Шанса за удвојување на предноста имаше Кире Трпчевски, но не ја искористи одлична шанса. Во продолжението Лихтенштајн успеа да постигне израмнувачки погодок, но само три минути подоцна избраниците на Станиќ со одличниот гол на Ибиши ја вратија резултатската предност за победа на натпреварот.

МАКЕДОНИЈА до 16 години - ЛИХТЕНШТАЈН до 16 години 2:1 (1:0)



Датум: 20.04.2017, 13:28
Статијата е прочитана 1514 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense