| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.03.2017

ФИФА го одобри Мбела

Француското засилување за Шкупи ги доби потребните документи за регистрација

Францускиот интернационалец со камерунско потекло, Емануел Мбела, кој зимава дојде во редовите на Шкупи, конечно ги дои потребните документи за регистрација во чаирскиот клуб, со што добива право на настап веќе за следниот натпревар на чаирчани против Пелистер. Мбела потпиша со Шкупи за време на зимската пауза и ги одработи подготовките со своите нови соиграчи, но досега немаше право на настап затоа што неговата поранешна екипа, Билиш Балш од Албанија му го оспоруваше раскинот на договорот. Затоа 24-годишниот Мбела мораше да се обрати до ФИФА, која по рагледувањето на документите деновиве одлучи во негова корист, а со тоа и го издаде потребниот сертификат неопходен за регистрација.
Со тоа, чаирчани добиваат големо засилување на крилните позиции со оглед на тоа што Мбела на пријателските натпревари беше еден од најдобрите во тимот, постигна и еден гол, а имаше и неколку асистенции.

СО ПЕЛИСТЕР В САБОТА
Натпреварот меѓу Шкупи и Пелистер, закажан за идниот викенд е поместен за еден ден порано. Така, наместо в недела на втори април, двете екипи се договорија да ја одиграат средбата в сабота на први април. Тоа што останува непроменето  еместото на одигрување на средбата, а тоа е стадионот на Чаир.



Датум: 23.03.2017, 18:37
Статијата е прочитана 3895 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense