| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.06.2017

Пандев го промовираше „Академија Пандев“ по светски терк


*Ново лого, нов дрес, најава за изградба на спортски центар, за амбициите за новиот прволигаш. Сето ова беше тема на прес конференцијата на која Горан Пандев заедно со своите први соработници го промовираше „Академија Пандев“. Засега нови имиња се Вујанац и Чешмеџиев

Горан Пандев, онака како што и заслужува, по светски терк го промовираше својот клуб „Академија Пандев“ во јавноста, и тоа на прес конференција среде Скопје, во хотелот „Александар Палас“. Тој заедно со своите први соработници Југослав Тренчовски и Дарко Костов.
„Секако дека за нас ова е голема успех, по само седум години постоење на клубот, ние еве сега сме во Прва лига. Задоволството е големо, амбициите секако дека не се мали, но тие се пред се продуцирање на млади играчи“ рече Горан Пандев.
Беше напоменато дека подготовките на новиот прволигаш стартуваат утре, во Струмица ќе се работи до 9 јули за да потоа се оди во Банско.

Засега нови се Вујанац и Чешмеџиев

Во врска пак со новите играчи, беше кажано дека засега нови имиња во екипата се Никола Вујанац од Силекс и Костадин Чешмециев од Македонија ЃП. Во стручниот штаб бил кооптиран и Драган Начевски, досегашниот фудбалер на екипата.

Промоција и на новиот дрес

Новиот дрес на „Академија Пандев“ е сиво - бел, поради тоа што тие биле боите на клубот каде што Горан Пандев, инаку сопственикот на „Академија Пандев“, почнал да тренира. Нема што, струмичани ќе ја имаат една од најдобрите опреми во Првата лига.

Комплекс вреден 4.6 милиони евра

На пресот беше најавено дека ќе се изгради спортски комплекс, прв во Источна Македонија и тоа вреден цели 4.6 милиони евра. Инаку се уште не се знае каде тимот во Првата лига ќе игра, во Струмица или во Турново.

„Пандев“ Куп со 144 клубови

Од 2018 година клубот ќе организира „Пандев Куп“ на кој ќе учествуваат 144 младински екипи. И ќе има по една екипа од сите клубови каде досега настапувал Горан Пандев.




Датум: 27.06.2017, 12:17
Статијата е прочитана 9562 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense