| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.06.2017

Галата веќе е во Полска, да го „грабне“ Елмас!


Како што дознаваме, по препорака на Фатих Терим, турскиот гигант не само што сака да го купи нашиот бисер туку и ја чува „десетката“ за него

Елиф Елмас е пред трансфер во Галатасарај. Нашите информации велат дека луѓето од овој клуб веќе се во Полска на ЕП за младинци и дека по препорака на Фатих Терим, сакаат да го ангажираат во своите редови. И не само тоа, туку Галатасарај ја чувал „десетката“ за мега талентот на Работнчки и бисерот на македонскиот фудбал кој иако има само 17 години, се поврзува со можен трансфер и во клубови како што се Манчестер Сити, Интер, Бенфика и други гиганти на светскиот фудбал. Инаку Терим ја изгуби битката за Елмас во врска со играњето во неговата селекција. Тој сакаше нашиот талент да игра за Турција, но Елмас ја одбра Македонија.

* Повеќе читајте во утрешното печатено издание на „Македонски спорт“



Датум: 16.06.2017, 13:43
Статијата е прочитана 9091 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense