| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.09.2017

Алиоски со гол на месецот во Чемпионшип

Македонскиот играч на Лидс јунајтед, Џани Алиоски е добитник на наградата за гол на месецот во Чемпионшип (англиската втора лига) за одличниот погодок против Нотингем Форест

Алиоски, кој во Лидс дојде од Лугано, ја запечати 2:0 победата со одличен удар од 20-тина метри во 87. минута, негов прв гол за тимот од „Еланд Роуд“. Ова стави крај на фантастичниот август за Лидс со седум победи и без ниту еден пораз.
„Пресреќен сум од наградата, посебно бидејќи ова ми е првиот месец во англискиот фудбал. Меѓутоа, ние сме тим во Лидс и мојот гол немаше да биде можен без играта на моите соиграчи. Се надевам на уште повеќе голови за Лидс, но оваа награда е посебна“, вели Алиоски.



Датум: 15.09.2017, 20:14
Статијата е прочитана 503 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense