| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.03.2017

Зампарини „удри“ по Трајковски

„Тренерот Лопез добро постави кога пред мечот со Сампдорија го прати Трајковски на трибини и не сметаше на него“, истакна довчерашниот прв човек на клубот од Сицилија

Ако на Илија Несторовски му оди супер во Палермо во досегашниот дел од сезоната, тогаш на вториот наш напаѓач во тимот од Сицилија воопшто не му цветаат рози. Прво имаше проблем со повредата, но откако се врати во екипата никако да почне да ги искажува своите квалитети.
Во неделата Палермо на свој терен ја дочека Сампдорија, одигра 1:1, гол постигна Несторовски, но на клупата а уште помалку на теренот не беше Александар Трајковски.
Зошто стратегот Диего Лопез се одлучи за вакво нешто, свој коментар за тамошните медиуми даде Маурицио Зампарини, довчерашниот претседател на Палермо.
„Сметам дека Лопез добро постави што го прати Трајковски на трибини пред мечот со Палермо и што не сметаше не него. Тој во иднина мора да го поправи своето однесување во Палермо“, истакна Зампарини.



Датум: 01.03.2017, 11:31
Статијата е прочитана 2233 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense