| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.10.2017


Јаневски: Подготвени сме за голема битка

*Стратегот на Вардар со порака пред утрешниот дуел со Реал Сосиедад во Лигата на Европа

Вардар е максимално подготвен за предизвикот нарачен Рееал Сосиедад. Тренерот на вардарци Чеде Јаневски има свое видување за тоа што може да се очекува на утрешниот меч...
„Реал Сосиедад е силен тим. И во едно од најсилните првенства во Европа во последниот период постојано е во горниот дел од табелата. Ние знаевме и по ждрепката дека Зенит и Реал Сосиедад се главните фаворити за првите две места. Ќе гледаат шанса овде да освојат три бода, но верувам дека ќе им се спротивставиме. Подготвени сме за голема битка и сакаме да ги освоиме првите бодови во Европа Лигата“.
На пресот свој коментар имаше и Тигран Барсегјан...
„ Не смее да не залажува тоа што во последно време примаат многу голови, сепак се работи за шпанска екипа. Очекувам публиката да не поддржи и да направиме добар резултат. Без разлика на која позиција ќе играм јас ќе го дадам својот максимум“.



Датум: 18.10.2017, 18:04
Статијата е прочитана 352 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense