| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.08.2017

Шкендија брифинг: Да постигнеме гол на „Сан Сиро“

На брифингот одржан предмалку, Захов, Алими и Цуцули истакнаа дека знаат добро кој е Милан но и тоа дека Шкендија ќе се обиде да одигра најдобро што може

Шкендија е максимално подготвена за утрешниот предизвик наречен Милан. Во една мирна и релаксирана атмосфера го очекуваат првиот меч од плејофот во ЛЕ и тоа со Милан на Сан Сиро.
На брифингот одржан предмалку своите видувања ги истакнаа тројца фудбалери на тетовци...
„Не дојдовме тука со бело знаме, немаше што да загубиме. Ќе бидеме под притисок, не смееме да правиме грешки, ќе се обидеме преку контри да постигнеме гол“ истакна голманот Костадин Захов.


„Втора година по ред сме во плејофот и тоа не е случајно. Тука во Милано сме дојдени да ја покажеме нашата најдобра игра и македонскиот фудбал да го претставиме во светло издание“ вели Ардијан Цуцули.
„Атмосферата на Сан Сиро не треба да биде пречка за нас, истата и нас треба да не понесе да покажеме добра игра. Се разбира дека некои работи зависат и од противникот“ посочи Арменд Алими.

 



Датум: 16.08.2017, 11:16
Статијата е прочитана 1392 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense