| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.12.2017

Дуро го „собра“ и Игор Недељковиќ

Дознаваме дека стратегот на Фљамуртари се распрашувал и за Ардијан Цуцули, на кого му беше тренер во Шкендија и Партизани Тирана

 

Летоска беше трансферна цел на Вардар, Шкендија и Работнички, но тогаш најдобриот фудбалер на Силекс Игор Недељковиќ, се реши да замине во Хонг Конг. Но по неколку месеци српскиот напаѓач се врати на Балканот и од вчера е нов фудбалер на Фљамуртари, каде тренер е Шпетим Дуро а негов помошник тетовчанецот Јетон Беќири. Претходно Дуро ги ангажираше и Горан Силјановски, Мухамед Усеини и Артим Положани. Сега, како што дознаваме се распрашувал за и Ардијан Цуцули, на кого му беше тренер во Шкендија и во Партизани Тирана.



Датум: 08.12.2017, 15:57
Статијата е прочитана 1816 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense