| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.10.2017

Станковски: Заслужено го победивме Вардар

Работнички денеска подобар од градскиот ривал, а тренерот Станковски презадоволен од своите избраници.

Работнички попладнево на Арената Филип Втори триумгираше над Вардар со 3:1. Стратегот на „Романтичарите“, Горан Станковски секако презадоволен од она што неговиот тим го одигра против објективниот фаворит, кој пак реално беше надигран денеска.
„Сосема заслужена победа, нема да го кријам задоволството. Играчите сите до еден одиграа онака како што требаше, посакувавме и како што посакувамвме, максимално дисциплинирано. Јас кажав и претходно, многу верувам во оваа екипа, и затоа и ја преземам оваа функција, знаев дека ќе се вратат на старата форма, победите, и секако да се нападне Европа. Не би сакал да анализирам како одигра Вардар, ја можам да кажам за мноите играчи. Одигравме како што се поставивме пред мечеот, покривавме, затворавме максимално. Атмосферата сега е далеку подобра. Ова е четврти меч како го играме во континуитет и мислам дека одиме од меч во меч се подобро и подобро„ - рече по мечот тренерот на Работнички.



Датум: 25.10.2017, 17:09
Статијата е прочитана 555 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense