| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2018

Елмас: Имав понуда од Манчестер Сити!

Дијамантот за турските медиуми ги потврдува написите на „Македонски спорт“ од минатата зима

Иако се уште нема одиграно ниту минута на еден официјален меч за Фенербахче, двапати беше на клупата против Истанбулспор и Гезтепе, Емиф Елмас секогаш е интересен за медиумите во Турција. Секако дека за Фенер говори во суперлатив...
Фенербахче е еден од најголемите клубови во светот. Имав можност да ги следам средбите Фенербахче - Галатасарај и Фенербахче - Бешикташ и јас сум импресиониран од атмосферата која владееше на овие дерби натпревари. Секако дека едвај чекам и јас да заиграм на еден така голем меч“ истакнал нашиот фудбалски дијамант.

Во врска со сите оние настани во минатото лето, Елмас на новинарот му открил дека пред да дојде во Истанбул, имал понуда од еден гигант од Англија, и дека тоа бил Манчестер Сити но дека повеќе сакал да потпише за Фенер и затоа дошол на Босфорот.
Да, имаше интерес и имав понуда од Манчестер Сити“ посочил Елмас со што индиректно ги потврди написите на „Македонски спорт“ од минатата зима.



Датум: 25.01.2018, 11:41
Статијата е прочитана 1701 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense