| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.01.2018

Шок за Алиоски

Иако имаше негатива од 0-2 на полувремето, Лидс со десет играчи го сврте резултатот и беше блиску до победата, но во финишот прими уште два гола, па остана со празни раце

Лидс јунајтед чиј член е македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски, не успеа да дојде до првата победа во англискиот Чемпионшип во 2018 година, откако на свој терен загуби со 3:4 од Милвол, во еден од најлудите мечеви сезонава. Гостите водеа со 2-0 по првото полувреме, плус тоа Лидс остана без еден играч, но Алиоски и другарите во првите 17 минути од вториот дел дадоа три гола и го свртеа резултатот во своја полза. Алиоски во 58. минута доби и жолт картон. Сепак, десетте домашни играчи не издржаа до крај. Том Елиот кој влезе во игра во 66. минута, со погодоци во 87 и 92. минута, му донесе триумф на Милвол, а Лидс го фрли во очај.
Играчите на Лидс на претходните три меча не успеваа да постигнат гол, сега трипати ја тресеа противничката мрежа, а повторно загубија.



Датум: 20.01.2018, 18:09
Статијата е прочитана 1855 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense